Магариња ли се или диви свињи? Ќе да се и двете!

Два дена ја гледам, стаписан, онаа необична фотографија од ловиштето Јасен која во македонската јавност, со право, предизвика извесна запрепастеност. Се чудам дали во оригиналот фоткава е црно-бела, од некои минати векови, или е неодамна снимена?

На неа гледам 12 мажи, очигледно распојасани и разоружени ловџии – од кои третина со стомаци колку мојов, половината со рацете в џебови, а еден господин, петиот од лево, ми е облечен во прилично „цивилна“ облека за да можам да го замислам легнат на некоја бусија – и неверојатен улов од 57 диви свињи, некои со големина на селски магариња, раскрвавени мртви трофеи наредени пред нивните нозе како што трупци се редат за да се сложат, кога луѓе се согласуваат!

Фотографијата, откако ќе ве мине шокот, е фасцинантна на многу нивоа и сигурен сум дека ќе го заврти светот. „Од дивините на Балканот…“

Но, кога нешто не разбирам, како неколку работи на овој ловџиски приказ, јас обично поставувам логични прашања… На пример: Колку часови или денови траел овој лов, за да се убијат шеесетина (!) вакви диви свињи? На сликата гледам крв колку да навадиш една осредна ливада, па мене тој улов ми се чини прилично свеж?! Отишле в мугри и се вратиле на залез на сонцето? Или цела ноќ го следеле крдово, за по светло на денот да го изрешетаат?

Или: Значи ли тоа дека најлошиот ловџија на фотографијата отепал 2-3 свињи, а најдобриот десетина, со просек од 5-6 диви свињи по човек? Оти, да ловиш цел ден и во некој час да уловиш едно животно, тогаш некако и можам да го отслушам ловџискиот наратив за витештвото, за надмудрувањето меѓу животинските видови, за денот во природа со подигнат адреналин и за вечерта околу оган со ракиичка и стапчиња колбаси кои чрчорат во жарта… И такви некакви ловџиски прикаски.

Но, да убиеш десет диви свињи за едно деноноќие, мене тоа повеќе ми лични на масакар во зоолошка градина. Со автоматски митролез.

Целата колумна на Сашо Орданоски на Цивил Медиа на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e