Колозова: Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите. Вака е со години

Линданот од ОХИС сврзан со ПМ 10 е еднакво на масовно труење…

Реномираниот професор Трајче Стафилов од Институтот по хемија при ПМФ редовно одржува презентации и алармира за овој горлив проблем. Бара итен ангажман и уништување на отпадот. Особено што сите досегашни истражувања и студии укажуваат дека на тој потег освен големо количество жива, со години скопјани ги труе линданот.
Линданот бил користен како инсектицид со широк обем на дејствување кај семенскиот материјал, за третирање на почвата, прскање, заштита на дрвената граѓа и против ектопаразити кај животните и луѓето. Линданот е токсичен, ставен е во групата на канцерогени супстанции. Односно во групата на ПОПС (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски полутанти.
Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13.000 тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Оставено е на земја. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20.000 тони земја. Па сега таму опстојува над 30.000 тони опасен отпад! Загадени се подземните води, истовремено ветерот ја разнесува прашината во воздухот. Линданот се сврзува и со честичките ПМ10, а се разнесува и насекаде по почвите. Вака е со години.
ФБ статус на Илинка Колозова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e