Хефнерова свеќа

-Што ли прави Ѓорге Иванов додека фрчат честитки од неговите колеги по поканата Македонија да стане членка на НАТО? Што си мисли додека ја слуша изјавата на Колинда Грабар Китаровиќ или ги чита честитките до Заев од Румен Радев, Илир Мета и ред други регионални, но и европски политичари.

Мора да е многу незгодна оваа ситуација за претседател што решил да застане спротивно на сите процеси за интеграција и напредок на својата земја. А и не е само претседател. Тој е и врховен командант на Армијата. На денот кога земјата му ја канат во најмоќниот воено-политички сојуз, кога би требало од негова страна да стигнат честитки до премиерот, министерката за одбрана, до АРМ, до војниците што добија значајни признанија за учеството во досегашните мисии на Алијансата, не е баш нормално да седи скриен во претседателската резиденција и да се молчи. И да се слуша само звукот на грицкалката за нокти.

Не е нормално во исклучително важен момент за земјата, нему главна дилема да му биде со каков гарнир да му го послужат месото, или со каков прелив да му ги сервираат тазе испечените колачиња. Тешка е таа дилема и тој негов таксират. Многу потежок од „лесната“ задача да се засукаат ракавите и само за една година да се решат сите тешки и отворени прашања, кои го кочеа напредокот на Македонија во изминатите три децении.

Во секоја земја, која членството во Алијансата со години го декларира како стратегиска цел, поканата за членство во НАТО би била акламативно поздравена и одбележана како круна на континуитетот на заложбите на сите досегашни власти. Не случајно, Заев тоа и го акцентираше во обраќањето, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. И добро е што владата сака успехот да го одбележи како подеднаква заслуга на сите.

Koлумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e