Граѓанските иницијативи и божјите деца

Можеше, на пример, и вака: „Јавното сообраќајно претпријатие обезбеди бесплатен јавен превоз за децата-учесници во ‘бадникарските поворки’, затоа што процени дека тоа е многу попрактично и поевтино отколку на учесниците да им се исплаќаат патни трошоци според актуелните законски акти“.

Или вака: „Јавното сообраќајно претпријатие обезбеди бесплатен превоз за децата-учесници во ‘бадникарските поворки’, затоа што процени дека на тој начин ќе се дестимулираат учесниците да користат сопствени патнички автомобили на дизел гориво, со што значително ќе се превенира огромното загадување на воздухот“.

А може и поинаку. Всушност, може секако, кога веќе може да стои и објаснувањето на Шилегов дека „бадникарската поворка“ не е иницијатива на некоја од верските заедници, туку класична граѓанска иницијатива „која слави еден верски празник, што е нешто што доста често ни се случува во државата, а ние, токму како избрани претставници на граѓаните, во зависност од нивните потреби и во зависност од можностите, им излегуваме во пресрет“.

Која граѓанска иницијатива слави верски празник? Можеби ПОА на Вранишковски, која (сѐ уште) не е регистрирана како верска заедница, иако и Европскиот суд пресуди во нејзина корист? И колку е тоа „доста често“ прославување на верски празници по граѓански иницијативи што наводно ни се случува во државата? И од кога тоа масовни детски процесии за Бадник и Божик се дел од нашата традиција? И од кога пеењето коледарски песни пред општинските згради се наша традиција? И од кога коледарчење и црковни процесии се „потреба на граѓаните“? И од кога злоупотреба на повеќе од 7.000 деца не е злоупотреба?

Целата колумна на Ѕвездан Георгиевски објавена на Призма прочитајте ја тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e