Ејуп Гонсалес

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

И сега што правиме? Што ли ќе прават со омразата балканските националисти откако еве, Договорот од Преспа помина и во Парламентот на Грција? Еј, човече… Во Атина стотици приведени хулигани, повредени полицајци, запалени знамиња, солзавци… И зошто? Затоа што ние го менуваме името на нашата држава. Замисли Грците да требаше да си го сменат името. Што ќе правеа? Ќе се самозапалуваа? Тоа само покажува со кого сме имале работа.

Само снимките од дивеењата на атинскиот плоштад Синтагма би можеле да сведочат какво достигнување е Договорот од Преспа, со кој се решава еден сосема неразумен спор во чија суштина е овој апсурден национализам. Иако, такви снимки се изнагледавме од 1991 до сега. Премногу. Од минатогодишниот Давос, каде што првпат се сретнаа Заев и Ципрас, до годинашниов Давос, и Македонија и Грција преживеаја најцрни изблици на национализам. Што е резултат на 27-те изгубени години и назадување, понекогаш и до ниво на примитивизам. До состојба на духот кога не можеш да мислиш ни за своето добро, а не пак за доброто на комшијата.

Којзнае каков шок е успехот на операцијата за помирување на Грција и Македонија кај националистите во двете земји. Којзнае каков страв чувствуваат кога се соочуваат со бесмисленоста на своето постоење.

Што ќе биде тема на наредните избори? Кај нас – го продадовте името за да влеземе во НАТО? Кај нив – ја предадовте Македонија за Грција да биде главна сила на Балканот?

И сега, како човек да не е гневен кога ќе му текне како и за што ни поминаа 27 години од животот?

Целата колумна на СДК на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e