Добри вибрации

Ова беше возбудлива недела за регионот. А за Македонија посебно. За пофалбите да не се претворат во заблуда потребна е работа, вистинска работа. Колумна на Љупчо Поповски.
Не знаеме дали европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, е страствен поклоник на легендарната американска рок група „Бич бојс“, но неговото споменување на „добрите вибрации“, кога лично на премиерот Зоран Заев му го предаде извештајот на Европската комисија како да даде асоцијативен призвук на една од најважните песни на калифорниските рокенролери – „Good Vibrations”. Синтагмата за „добрите вибрации“ стана дел од алтернативната, а потоа и од мејнстрим културата откако Брајан Вилсон и другарите во октомври 1966 година го издадоа синглот кој во истиот момент стана хит и кај публиката и кај критичарите и до ден-денес остана забележан како една од најважните песни во историјата на популарната музика. Таа со својата психоделична и прогресивна структура и со експериментирањето со самото судио за снимање како инструмент остана забележана како најскапа рок-компоцизија снимена кога било (тогаш чинеше 50.000 долари што е еквивалент на 370.000 долари во 2017 година) и како револуција во понатамошниот развој на популарната музика.

Оваа случајна или намерна асоцијација со „Добрите вибрации“, иако е во доменот на политиката, има свое значење. Можеби со тоа што Македонија помина низ една псходелична фаза последнава декада или поради тоа што прогресивните рокенролери изминативе две години ја вратија демократијата и поради тоа што, всушност, се случи своевидна револуција за која веќе се зборува на европските катедри. Заев со подигнувањето на извештајот сакаше да претстави еден личен триумф, како во времето на римските генерали, но безусловната препорака имаше свое значење и за бриселската номенклатура во изградбата на европската архитектура на Балканот. Хан и високата претставничка Федерика Могерини, имаа веројатно големо чувство на задоволство што доаѓаат во една поинаква Македонија отколку во претходните три години. Можеби ние сме ги заборавиле тие посети под тежината на секојдневните грижи да здогледаме некаква опиплива иднина во тескобното секојдневие, но речиси е неверојатно Хан да ги заборавил оние исцрпувачки сеанси во пржинските преговори да се зачува стабилноста и демократијата на Македонија по разорниот ефект на „бомбите“, а потоа и страшниот удар за поредокот со претседателските аболиции; кога Могерини во Скопје со скаменето лице читаше делови од Уставот за време на нејзините ноќни изјави и за упадот што е направен во него. А сега со насмевки можеа дури и гордо да кажат дека „Македонија се врати на шините“.

Целиот текст на Дојче Веле прочитајте го ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e