Доблесно е да се признае грешката

Брзо помина една година. На местото на злосторството одамна се исчистени трагите од крв, заменети се искршените врати, камери, столчиња, маси, системи за гласање… Во ходниците низ кои тогаш јуришаа луѓе со мрачни фантомки, наместо со чисти мисли во умот, денес поминуваат високи странски гости, уверени дека Македонија го избегнала најлошото.

Но, тоа не е најважно. Помалку е важен дури и судскиот епилог за насилствата од 27 април. Најважно е сознанието дали учесниците во тој чин, нивните налогодавци и организатори навистина стекнале свест каде ќе ја одведеа Македонија во тоа организирано лудило, дали се свесни за грешката и дали жалат за тоа. Тоа треба да го слушнеме.

Во овој момент навистина не е важно колку гости се пристигнати за самитот Брдо – Бриони, колку црвени килими сме послале или колку високи државници сме дочекале во „пост 27-моаприлска Македонија“. Она што како граѓани ни треба  јасно да го видиме, е сеопшта осуда на тој чин, свест дека на таков начин ниту се брани, ниту се гради држава.

Таква порака особено треба да стигне од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Да, на нејзино чело повеќе не е лицето што ги повикуваше и мобилизираше граѓаните „да не седат дома во влечки“. Партијата сега има ново раководство кое гради поинакви политики и односи во комуникацијата. Но, се чини дека не е доволен ставот на раководството „дека сѐ што било погрешно ќе биде прекинато, а сѐ што е добро ќе продолжи да се практикува“.

Целата колумна на Катерина Блажевска за порталот Призма можете да ја прочитате ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e