Ампева: Прекувременото работно време да се стави во закон

Пошто опозиција и позиција се испокараа за минималната плата гледам колкава требало да биде, еве ви предлог.
Најголем проблем на работниците и работничките од приватен сектор (особено текстилните и работниците и работничките од моловите, маркетите, продавниците) е постојаната прекувремена работа која во најголем ден е неплатена, работа во недела и работа на празник.
Ајде покажете дека овие луѓе од приватниот сектор не се граѓани од втор ред и направете нешто околу ова. Неделата во европските земји не е работна. Дури и во една Црна Гора се воведе ова бидејќи и тие луѓе имаат право на слободно време со семејството.
Ајде бујрум, направете нешто за ова.
За прекувремена работа еве , можете да воведете нов регистер за евиденција за работно време поврзана со институциите за да не биде подложна на манипулации од страна на дел од работодавачите.
Еве ви идеја за голем проблем, ставете ја во закон.

ФБ статус на Кристина Ампева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e