Алтернатива што ветува реприза?

Доброооо… Бидна и тоа, Собранието се самораспушти, се оди на избори. После „продолженијата“ и „пеналите“ во финалето на собранискиот „национален куп“, формално-правно, власта излезе со резултат од 100% остварена политичка агенда, опозицијата со резултат од 0% остварена политичка агенда.

Не може да се каже дека беше многу напнато – и покрај „техничките“ заплети во последните минути од натпреварот – бидејќи сè се одвиваше според очекувањата, а и според повеќето „експертски“ предвидувања. Нормално, имаше неколку валкани „стартови“, неколку киксови во „одбраната“ и проблематични судиски ситуации, но, едноставно, „инерцијата“ на евро-атлантската агенда е толку голема, што тешко се сопира и ги пробива сите блокади по патот. Заев испорачува, а оваа опозиција, се покажа, ниту на тактички, ниту на играчки план, не му е дорасната за да можеше да го спречи во победничкиот налет. За нијансите и вкусовите може до утре да се разговара.

Кои се нијансите? На пример, повеќето официјални статистики покажуваат дека во Македонија денес се живее подобро од порано. Опозицијата, пак, тврди дека се живее многу полошо. А суштината е во тоа дека сè уште сме далеку од доволно добро живеење, но насоката е кон подобро. Тоа не е мала нијанса. Таа говори за правецот на движење во политичката понуда, а тоа е суштината на секоја политика.

Така, спротивставените интерпретации на нашата стварност од страна на власта и опозицијата точно ја одразуваат смислата на Ајнштајновата изрека дека треба да се чуваме од луѓето кои шират негативна енергија, бидејќи „тие имаат проблем за секое решение“. Заев е тој кој понуди и, по високоризична политичка цена, испорача решенија – опозицијата, нудејќи статус-кво, пронајде проблем во секое од тие решенија. Зошто би ги чудел резултатот од 100:0?!

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e