Ако опстанеме, ќе може мирно да пропаднеме!

Ви пренесуваме дел од колумната на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа.

Aко се суди според нервозата што ја зафати медиумската и партиската национална душебрижничка сцена во земјава во последните три-четири дена, изгледа дека навистина се приближуваме кон некакво, макар и одложено, фазно решение во спорот за името со Грците. Изгледа дека „Станлио и Олио“ (Димитров и Коѕијас), после дузина напорни и напнати преговори за тоа дали сијаличката е угасена кога вратата од фрижидерот е затворена, сложиле некои варијанти кои ќе треба нивните шефови, „браќата Далтон“ Заев и Ципрас, уште малку да ги „сечат“, „лепат“ и „монтираат“, пред да бидат подготвени за поширока национална презентација.

Во Македонија, на ваквиот развој на настаните како најизненадени се најдоа овие од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тие од доаѓањето на Заев на власт, по прашањето на преговорите, се однесуваат како свекрва кон снаа која постојано, со презир и зајадливост вели „џабе ја мешаш чорбата, од тоа манџа не бидува“; за откако за викендов сфатија дека повторно, како и во изминатите стотина години, ризикуваат да се најдат на маргините, а можеби и преку пат, на уште една историска одлука што ќе ја одреди долгорочната иднина на Македонија, наврапито, газ преку глава, бараат итно да се сопре вртењето на Земјата за и тие, макар со трчање и во последниот вагон, да можат да се качат на возот кој води кон посветла, евро-атлантска Македонија!

Целата колумна прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e