Валверде: Тоа беше само пораз, не помислувам на оставка

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде по поразот од Леванте (1:3) во 12. коло од првенството на Шпанија изјави дека не размислува за оставка.

Според него, тимот на следните дуели соодветно ќе одговори на овој неуспех.

– Тоа едноставно е само пораз. Секако, нема зошто да размислувам за оставка. Играчите во минатото веќе реагираа на вакви ситуации. Тие работат напорно. Јас сум многу задоволен. Ние секогаш реагираме на такви ситуации. Остануваме смирени додека да го сториме тоа повторно, изјави Валверде.

По поразот од Леванте, во некои шпанските медиуми, повторно се шпекулира дека тренерот на Барселона може да биде отпуштен и покрај тоа што Барселона е лидар на табелата со 22 бода, исто колку што има и второпласираниот Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e