Соиграч од ПСЖ ја откри најлошата навика на Роналдињо: Затоа заврши така како што заврши

Легендарниот Роналдињо пред десетина дена ги разочара фудбалските фанови ширум светот најавувајќи дека наредната година ќе биде последна за него во фудбалската кариера, но ова попладне името на неповторливиот бразилски фудбалер повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста, но поради една приказна која сигурно нема да му се допадне кога ќе ја слушне.

Поранешниот соиграч на Роналдињо од деновите во ПСЖ, Жером Лерој во изјава за француски „СФР Спорт“ говореше за времето минато со Бразилецот во Париз, но посебно внимание привлече неговото откритие за најлошата навика на Бразилецот која според него е главна причина што не направи многу подобра кариера.

– Роналдињо не тренираше ниту еден ден во неделата и доаѓаше само во петок пред натпреварите во сабота или недела. Едноставно таков беше Роналдињо. Мислам дека се обидуваше да ги следи чекорите на Ромарио, но затоа заврши така како што заврши. На крајот, не го оствари успехот кој сите го очекуваа. Фудбалерите со огромен талент како него, повремено знаат да бидат малку луди, – открива Лерој кој мина вкупно шест години на „Паркот на принцовите“.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e