ШОК ЗА РУСИТЕ: ВАДА ги казни со четиригодишна забрана за учество на најголемите спортски случувања

Светската антидопинг агенција (ВАДА) драконски ја казни Русија со четиригодишна забрана за учество на најголемите спортски случувања.

Со одлука на 12 членови од извршниот одбор на комитетот во Лозана, изречена е четиригодишна забрана, што го потврди и шефот на руската антидопинг агенција, Јуриј Ганус.

Руското знаме нема да биде на наредните две Олимпијади, летната во Токио 2020 и зимската во Пекинг 2022 година, но ниту на останатите големи натпреварувања како што се Светското првенство во фудбал кое е на програмата во Катар.

Но руските спортисти најверојатно ќе избегнат целосна забрана, затоа што се наведува дека спортистите кои не се вмешани во никаков допинг ќе имаат шанса да се натпреваруваат под неутрално знаме.

И покрај забраната Русија ќе може да се натпреварува на Европското првенство во фудбал 2020 година каде обезбедија учество и каде Санкт Петерсбург е еден од градовите домаќини.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e