Русија и официјално со жалба на одлуката на ВАДА

Руската анти-допинг агенција, поднесе официјална жалба на одлуката на Светската анти-допинг агенција ВАДА, за четиригодишна суспензија на руските спортисти и репрезентации да се натпреваруваат под знамето на својата држава.

Доколку одлуката на ВАДА остане на сила, Русија не би можела да игра на СП во фудбал 2022 во Катар, а забраната важи и за Олимписките игри во Токио 2022, но таму поединци може да учествуваат под неутрално знаме. Затоа РУСАДА се жалеше до Спортскиот арбитражен суд.

Русија ќе може да игра на Европското првенство во фудбал 2020 година, бидејќи ЕП на УЕФА не е настан од светски размери, туку континентален. Претседателот Владимир Путин веднаш по казната најави дека Русите ќе се жалат и оти одлуката за суспензија била политичка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e