Реми на Динамо Загреб во Украина (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб одиграа нерешено 2:2 на гостувањето против Шахтјор во Украина.
Репрезентативецот Аријан Адеми се најде во стартниот состав на „модрите“ кои освоија значаен бод во борбата за второто место во групата.

Конопљанка во 16 минута ги доведе во водство домаќините, па израмни Олмо во 25 минута после асистенцијата на Орсиќ.

Орсиќ во 60 минута донесе пресврт на мечот за позитива на Хрватите, а конечниот епилог го постави Додо во 75 минута по додавањето на Алан Патрик.

Со голот на Алваро Мората во 78. минута Атлетико Мадрид ги освои трите бода во дуелот против Баер Леверкузен (1:0).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e