ПСЖ сака да го направи трансферот на Икарди постојан, Нара несака

Екипата на Пари Сен Жермен сака да го направи трансферот на Мауро Икарди во ПСЖ постојан во текот на зимата, но агентот на напаѓачот и сопруга, Ванда Нара сака да почека и за други опции.

Икарди настапува на одличен начин откако се пресели во француската престолнина, постигнувајќи 12 гола на 15 натпревари. Ова го убеди раководството на клубот да извади 70 милиони евра за претстојниот зимски трансфер прозорец за да го откупи играчот за постојано од Интер.

Ова би било важен потег за клубот, со оглед на фактот дека Единсон Кавани е близу крајот на престојот во Париз, а ситуацијата околу Килијан Мбапе и Нејмар сè уште е неизвесна.

Сепак, агентот на играчот Ванда Нара има други намери. Сопругата на стрелецот сака да почека да види дали силните игри на „деветката“ ќе привлечат други европски гиганти како Реал Мадрид и Јувентус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e