Панчев: Модриќ не е најдобар хрватски фудбалер во историјата

Во интервју за Вечерњи лист еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата Дарко Панчев даде оценка за квалитетите на регионалните лиги и за некои фудбалери од овој регион.

Најинтересно беше мислењето за Лука Модриќ кој е актуелен освојувач на Златната топка како прв фудбалер од поранешна Југославија кому му успеало тоа.

„Лука Модриќ секако е одличен играч, еден од најдобрите на овие простори. Но, фудбалот е поради интересен, многу пати дава, но и зема. Мислам дека тој не е ни најдобар хрватски фудбалер во историјата, а секако не е најдобар од овие простори. Без оглед на сите награди кои заслужено ги освои“, изјави Панчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e