Озил сака да замине во МЛС лигата

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил веќе размислува да се префрли во МЛС лигата, но нема да го моли неговиот клуб за трансфер. 31-годишниот напаѓач од средниот ред го пропушти натпреварот во Лигата на Европа против Виторија Гимараеш во четвртокот, а претходно беше забележан како разговара со менаџерот Унаи Емери.

Од неодамна, Емери отворено го игнорира поранешниот играч на Реал Мадрид и Вердер – на 13 натпревари, Озил има само четири настапи со составот и помина 142 минути на теренот. Фудбалерот во неколку наврати рече дека има намера да се бори за својата иднина во Арсенал, но според извори блиски до него, Германецот веќе размислува за заминување.

Клубови од МЛС беа заинтересирани за него во текот на летото, но оние кои сакаат да го привлечат треба да преземат иницијатива, бидејќи Озил нема намера изнудува трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e