Олимписки игри Рио: НБА ѕвездите добија вистински противник!

Кошаркарите на Соединетите американски држави со 98—88 ја победија Австралија во третото коло од грапта А на кошаркарскиот турнир на олимписките игри во Рио де Женеиро,но се до последните минути мораа жестоко да се борат за продолжување на победничката серија на олимписките игри која трае веќе 20 натпревари,од полуфиналниот пораз од Аргентина на олимписките игри во Атина 2004.

Австралијците на полувремето водеа со 54-49,а на почетокот на на последната минута заостануваа со само пет поени(88-93),кога на крајот се влезе во пенал завршница по која американците успеаа да дојдат до двоцифрена разлика и да направат да изгледа многу поуверливо отколку што реалната слика на теренот тоа го покажуваше.

Во австралиската репрезентација супериорен беше Пети Милс со 30 поени,Андреј Богут уфрли 15, а Метју Делаведова подели 11 асистенци и исто толку поени.

Кармело Ентони уфрли 31 поен и со тоа беше најефикасен амрикански кошаркарски олимпиец.На своите четврти олимписки игри “Мело” позади себе на легендарната листа ги остави Леброј Џејмс и Мајкл Џордан.Кару Ирвинг  уфрли 19 кошеви,погодувајки и некои клучни тројки во завршницата,со кои бранителите на титулата го направија разликата.

На австралијците до крајот на турнирот им останаа два полесни натпревари,против Кина и Венецуела,натпревари во кои би требало да ја потврдат одличната форма во која се наоѓат и второт место во групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e