ОИ Рио:Во тензична атмосфера Србија славеше против Хрватска

Во тензична атмосфера Србија славеше против Хрватска во четвтфиналето од кошарскиот турнир на олимписките игри во Рио.

Хрватските кошаркари одиграа одлично прво полувреме и на паузата отидоа со шест поени разлика,меѓутоа во продолжението се случи необјаснив пад во играта,па србите третата четвртина ја добија со неверојатни 20 кошеви разлика.На кјрајот победија со 83-86.

“Беше тензија и нервоза на сите страни.Ова не е обичен натпревар бидејки натпреварите на Србија и Хрватска се секогаш нешто повеќе од само пласман понатаму.Токму затоа ние влеговме во натпреварот толку нервозни,но во продолжението успеавме да се пронајдеме и да ја заиграме нашата препознатлива игра”, истакна селекторот на српската репрезентација,Александар Џорџевич.

Србија во полуфиналето ги очекува дуел со Австралија сод кого во групната фаза загубија со 15 поени разлика,додека во другиот дуел ќе се сретнат кошаркарите на САД и Шпанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e