Македонските ракометари ја совладаа Турција

Македонската ракометна репрезентација славеше со 26-23 на првиот натпревар од ЕХФ седмицата на гости кај Турција.

Тимот на Брестовац значително подмладен без дел од најдобрите репрезентативци одигра добар натпревар и заслужено стигна до победата. Нашиот состав уште од стартот наметна силно темпо, направи четири гола разлика и на полувреме замина со 15-11.

И во второто полувреме двете селекции играа гол за гол, Македонија се одлепи и на шест позитива (22-16) во 45. минута за на крајот да ја сочува предноста и да оствари триумф.

Пешевски беше најефикасен во репрезентацијата со осум гола, пред Поповски кој даде шест, а Танкоски и Маџовски реализираа по четири погодоци.

Ракометарите утре ќе го имаат својот втор тест на турско тло, овој пат против селекцијата на Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e