Македонија најлоша досега, 146. место на ФИФА ранг листата

Македонската репрезентација со пад од осум позиции дојде до 146. место на ФИФА ранг листата, ова е нашиот најлош пласман во историјата.

фудбалсјата репрезентација не престанува да тоне на ФИФА ранг листата, веќе пробива длабочини кон дното кои претходно не биле достигнати.

На последната ФИФА ранг листа Македонија е на 146. место, најлош пласаман во историјата.

Од европските селекции пред нас се Луксембург, Естонија, Фарски Острови… а неевропски има многу кои делуваат смешно, но се подобри од нас, како Таџикистан, Танзанија, Мадгаскар, Бурунди…

Последниот пораз од Албанија не турна осум позиции подолу, дали можеме уште подалеку до дното, останува да видиме, а од подобар фудбал сега за сега остануваат само најавите, на терен не ни оди.

Лидер на табелата и понатаму е Аргентина пред Белгија, во првите десет се уште Германија, Колумбија, Бразил, Чиле, Португалија, Франција, Уругвај и Велс.

Како се движи ранкингот на Македонија од осамостојувањето до денес:

i9yak-untitled

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор 24 фудбал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e