Кари посочи во кој клуб се гледа во иднина

Извонредниот организатор на играта на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари посочи во кој тим се гледа во иднина.

Најкорисниот играч во НБА во 2015 и 2016 година ќе биде слободен агент наредното лето, но тој веќе има одлучено, поточне нема дилеми за тоа кој ќе биде неговиот следен потег, а тоа е да остане во сегашната средина.

-Да, да, -истакнал Стеф на прашењето дали е оптимист дека ќе ја продолжи кариерата во Вориорс.

Во однос на тоа дали ќе се консултира со Кевин Дурент во однос на договорот за оваа сезона, плејмејкерот изјавил:

-Можеби, но нема да дозволам тоа да ме деконцетрира. Сакам да се вратам тука. Сакам да играм тука, тоа е се- јасно порачал Стеф кој сезонава ќе заработи 12 милиони долари што е помалку од три негови соиграчи (Дурент 26,5 милиони долари, Клеј Томпсон 16,6 милиони долари, Дрејмонд Грин 15,3 милиони долари).

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e