Гвардиола се откажа од играчи вредни 100 милиони евра

Шпанскиот стручњак пријави екипа во лигата на шампионите во која го нема нападачот Вилфред Бонеја,играчот од средниот ред Самир Насри и дефанзивецот Еликима Мангале.

Вилфред Бони во Јули минатата година пристигна од Свонси за 30 милиони евра со што овој репрезентативен на Брегот на слоновата коска стана најскап афрички фудбалер во историјата на африкансиот фудбал.Насри е член на Манчестер Сити од 2011 кога за 28 милиони евра пристигна од Арсенал,додека Мангала е член на “граѓаните” од 2014-та кога за 35 милиони евра беше купен од Порто.

До крајот на Август тројцата веќе отпишани играчи ќе се обидат да најдат нов ангажман.Англиските медиуми наведуваат дека на излезната врата од клубот е и шпанскиот крилен играч Хесус Навас.

Манчестер Сити во последното коло за пласман во лигата на шампионите игра против Стеауа.Првиот меч се игра во Романија на 17.Август,додека реваншот во Манчестер е една недела подоцна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e