Фудбалерите се најдоа на 68. место на ФИФА ранг листата

Македонската репрезентација забележа скок за една позиција на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. По победата над Словенија и поразот од Полска во октомври, Македонија е на 68. место на ФИФА рангирањето со 1344 бодови.

Од репрезентациите кои се во нашата квалификациски група за пласман на ЕП 2020, најдоброрангирана е Полска на 21. место додека Австрија е на 25-та позиција.

Потенцијалниот противник во полуфиналето од Лигата на нациите, репрезентацијата на Косово е на 114. место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e