Емери беше отпуштен поради слабите резултати, а не поради слабиот англиски, смета Гвардиола

Селекторот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола не смета дека причина за отказот на Унаи Емери од тренерското место во Арсенал не е слабиот англиски јазик, тутку слабите резултати.

– Ако тој би можел да победи на повеќе натпревари, комуникацијата со играчите би била идеална. Денес има многу можности да се комуницира со играчи, а не само со зборови. Понекогаш не е лесно кога сакате да комуницирате на свој јазик. Но, има раце, тело, емоции, слики, ваши помагачи, многу работи, па причината за отказот не е на англискиот јазик. Мислам дека причината за оставката не беше можноста на Унаи, во која никој не се сомнева. Ова се случи затоа што тој не победуваше, изјави Гвардиола.

Во дербито на 17.коло од Премиер лигата, попладнево од 17:30 часот Арсенал е домаќин на Манчестер сити. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e