(ВИДЕО) Актерката Шеилин Вудли уапсена на протест

Судирот со полицијата беше снимен благодарение на опција на Фејсбук во живо!
Американската актерка Шеилин Вудли во понеделникот протестираше во Бисмарч, заедно со голем број на Американци од Северна Дакота, против работењето на пронаоѓање и транспорт на нафта кои се закануваат на реката Мисури.

Младата холивудска ѕвезда беше уапсена пред крајот на мирниот протест, иако на неа не и беше јасно зошто.

“Зошто ме апсите мене покрај сите овие луѓе”, ја праша таа полицијата. “Дали е тоа затоа што јас сум позната личност? Затоа што луѓето знаат која сум? ”

За среќа, Шеилин брзо се снајде, и целиот процес на апсење беше снимен преку опцијата Фејсбук лајв.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e