Поранешниот телохранител на Бред и Анџелина: “Беа страшно параноични…”

Поранешниот чувар на познатото семејство тврди дека Бред и Анџелина биле исклучително фокусирани на заштита на нивните шест деца, но и често биле параноични.

Поранешниот телохранител на Бред Пит и Анџелина Џоли им откри на американските медиуми дека двојката се плашела да не им бидат киднапирани децата и им се бара откуп.

Поранешниот британски офицер Марк Билингхам помина речиси 18 месеци на позицијата шеф на обезбедување на познатиот пар, а претходно бил задолжен за безбедноста на Шон Пен, Расел Кроу и Том Круз.

Тој тврди дека Бред и Анџелина се исклучително фокусирани, со цел да се заштитат нивните шест деца, но и често биле параноични, поради големите суми на пари кои ги имаат, и постојано се плашеле дека некој би сакал да им ги киднапира децата.

“Дури и кога сакав да донесам повеќе луѓе заради поголема безбедност, тие не сакаа да чујат за тоа, бидејќи не сакаат околу нивните деца да се вртат непознати лица.”

“Бред и Анџелина, постојано беа зафатени. Филмски обврски, модни снимања, хуманитарни акции, спонзорски договори … Кога после сето тоа имате шест деца а и самите се разликувате, бракот тешко може да преживее. Толку време сум поминал со децата што пак се чувствувам како да сум ги јас израснал “, заклучува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e