Утврден реформскиот пакет предлог закони за Јавно обвинителство

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 124 редовна седница, на предлог на Министерството за правда, го утврди текстот на Предлог-законот за Јавно обвинителство, и донесе одлука да го достави до Собранието на Република Северна Македонија на усвојување.

Главна цел на донесувањето на овој закон е зајакнување на професионалноста и одговорноста на јавните обвинители. Значајна одредба од предлог законот е инкорпорирањето на Специјалното јавно обвинителство во системот на јавното обвинителство, согласно Стратегијата за реформа на правосудниот сектор.

На оваа седница Владата го утврди и текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со цел да се зајакне професионалноста, но и одговорноста на членовите на Советот на јавни обвинители.

Двата предлог закони, од пакетот реформска легислатива од Планот 18, одат во Собранието со предлог да бидат разгледани по скратена постапка и со европско знаменце за да бидат остварени роковите за нивно усвојување пред да биде завршен извештајот на ЕУ за нашата земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e