Скриената штетност на лененото семе

Семето од лен е многу фалено од следбениците на здрав начин на живот. Според студиите тоа содржи корисни состојки, како што се: омега-3 есенцијални масни киселини, лигани, кои се познати како растителни естроген, растворливи и нерастворливи влакна. Помага во борбата против кардиоваскуларните заболувања, дијабетес, рак на дојка, дебелина и проблеми со метаболизам. Иако здравствените придобивки се неспорни, има некои недостатоци. Имено според научниците од Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА), консумацијата на ленено семе може да доведе до труење со цијанид, објави „Дејли мејл“.

Во извештајот на ЕФСА се споменува дека лененото семе содржи соединение амигдалин (цијаноген гликозид), кое го прави опасно. Затоа бидете внимателни, оти дури и трета лажичка од ленено семе може да биде опасна по здравјето на малите деца. Кај постарите лица, само три лажички се доволни за да бидат изложени на ризик од труење со цијанид.

Труењето со цијанид е тешко да се дијагностицира, бидејќи симптомите се многу слични на оние на задушување. Цијанидите ја инхибираат апсорпцијата на кислородот од клетките на човечкото тело. Знаците на труење се исто така слични со синдромот на височинска болест. Првите знаци за тоа се: главоболки, општа слабост, збунетост, чудно однесување, невообичаена поспаност, останување без здив, вртоглавица, напади и во некои случаи труењето може да доведе до смрт. Според експертите на ЕФСА, во лененото семе има дури и повеќе штетни материи. Во Шведска, здравствените власти ги предупредуваат луѓето да не јадат семе од лен. „Националната агенција за храна не препорачува конзумирање на кршен0 семе од ленено семе“, предупредува владината веб-страница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e