Мицковски: Нема што да дебатираме со Груевски, треба само да плати и да одлежи затвор за своите криминали и злодела

Скролајќи по социјалните мрежи приметив дека издавачката куќа на Груевски – Ѓурѓа, имала вистинска фасцинација со диктаторите и крвниците низ историјата.

Па така низ годините имале издадено една серија на дела од Адолф Хитлер, секако неизбежната Мајн Кампф, „Еврејското прашање и христијанството“ потоа „Најзначајните говори на Гебелс“ и книга за Мусолини.

Се разбира и тие книги и дела треба да постојат, па и критички да се проанализираат, но фактот дека ги има насекаде, дури и во супермаркети, говори за една трговско-конзумеристичка логика, која излага од критичкото, и ни наметнува злостори и дубиозни историски личности, како популарни продукти, фриволно и наивно промовирани, веднаш до честитките за роденден, и ќесите за подароци.

Јеботе, Хитлер, честитка, сет ножеви, и можеби кутија со сладолед во корпичката на просечниот Македонец.
Но, тоа што е поочигледно, е колку и ваквите издавачи да се обидуваат, Хитлер никогаш не успеа да стане предмет на некаква си историска дебата, од проста причина што нема што да се дебатира околу промоторот на најголемиот геноцид во историјата на човештвото.

Донекаде истото важи и за нашиот Груевски кој се обидува да изигрува некаков си експерт и да дели памет од непријателска Будимпешта. Нема што да дебатираме со Груевски, треба само да плати и да одлежи затвор за своите криминали и злодела.

Фб статус на Ивор Мицковски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e