Зоран Фидановски за Фактор: Груевски оди по тенка жица

Опасен во секој случај. Настап со кој се потпалува атмосферата која и онака е доволно политички тензична по изборниот резултат, кој покажува, многу тесна разлика. Вакви зборови сигурно не придонесуваат  таа да се релаксира, напротив, се оди во насока на радикализација. Во исто време, силни критики без пардон кон меѓународните претставници (читај: американскиот амбасадор пред се, а потоа и сите останати) за, како што вели Груевски, флагрантно мешање во процесите во Македонија, обвинувањата за изборен инженеринг од ДИК заканите дека институциите немаат право “да ја украдат победата на ВМРО-ДПМНЕ“. Оние институции кои, чувме во “бомбите“, може слободно да се рече, дека ги има в џеб (сетете се колку пати се прегласуваше за локалните избори во Центар во 2013). Одот по тенката жица е обид за подобрување на преговарачката позиција за идна влада, која за него би била како седумка на лото. Наспроти предупредувањето дека “нема да му се дозволи на Заев да формира влада“. Иако, решението во политичката математика е многу поедноставн од обичното математичко. Во нашиот случај, тоа е прост збир на барем 61 глас во Парламентот. Кој го има кај себе – тој ја формира владата.

Целиот текст објавен на Фактор, прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e