Жртвите од лустрација обесштетени со вкупно 32.400 евра

Европскиот суд за човекови во Стразбур (ЕСЧП), постапувајќи по предметите за процесот на лустрација во Северна Македонија, досега има донесено шест пресуди против нашата држава. Во меѓувреме постапува и по три други предмети.

Владиниот агент за застапување на Република Македонија, пред ЕСЧП, Даница Џонова, за МИА изјави дека, освен за овие предмети, не може да даде други информации дали постојат во Стразбур други апликации на оваа тема. Според Џонова, владиниот агент, преку него и државата прв пат дознава за поднесени апликации тогаш кога тие ќе бидат доставени на одговор.

– Од моментот на нивно поднесување до моментот на нивно доставување одговор за државата може да поминат години”, појаснува Џонова.

Во однос на пресудите на ЕСЧП, таа додава дека вкупниот износ на обесштетување од шесте досегашни пресуди изнесува 32.400 евра”.

Моментално пред ЕСЧП, како што истакна Џонова, во тек се постапките за предметите за лицата Владимир Милчин, Кирил Псалтиров и Николче Бабовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e