Зечевиќ: На сите граѓани им ја честитам победата со која ќе се заокружат промените во целата држава

Изјава за медиуми,
Миле Зечевиќ, шеф на Изборен штаб
Скопје, 15.10.2017

 

Почитувани граѓани,

Ви благодарам за одважноста на овој важен ден за демократијата во Република Македонија. Ви ја честитам победата, вам на сите граѓани на Македонија, победа со која СДСМ и коалицијата ќе ги заокружат промените во целата држава.

Овој ден е празник за демократијата и пример за мирно, слободно и достоинствено изразување на правото на глас на секој граѓанин на државата.

Вака изгледа Македонија кога се гласа без притисоци, слободно и демократски. СДСМ заедно со коалицијата убедливо победи во повеќе од 40 општини, а победата е извесна во мнозинството од останатите општини.

Изразувам благодарност до сите граѓани на Република Македонија, до сите политички партии кои учествуваа на изборите, до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори, до сите членови, до сите волонтери на СДСМ и партиите од коалицијата.

Благодарение на вашиот ангажман Македонија се гордее со овој величествен демократски ден!

Ве повикувам за 30 минути од сега на граѓански собир пред Владата на Република Македонија каде што ќе се обрати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Претходно сакам да го поканам да ви се обрати идниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e