Засилен северен ветер за новогодишната ноќ

Вечерва во текот на Новогодишната ноќ ќе преовладува малку до умерено облачно време со слаб до умерен, а во втората половина од ноќта на места засилен северен ветер.

Денеска времето беше претежно сончево, со појава на мала до умерена облачност кон крајот на денот. Максималната температура во земјава денеска се движи во интервал од 2 до 8 степени.

Во Скопје времето беше сончево, попладне со појава на мала облачност, со максимална температура до 3 степени.

Утрово во земјава најстудено беше во Маврово каде се измерени -12 степени целзиусови и Лазарополе -11 степени, а најтопло во Гевгелија 0 степени целзиусови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e