Започна проектот “Здрава ужинка за сите ученици” – Домашни јаболки бесплатно за основците

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски соопшти дека започнува со реализација проектот “Здрава ужинка за сите ученици” кој за прв пат го воведуваат преку Програмата за откуп на свежо овошје зеленчук млеко и млечни производи.
-Вчера беше направена дистрибуција низ општина Центар и Шуто Оризари на повеќе од 200 тони јаболка, а денес веќе продолжуваме низ другите општини во градот и државата.
Преку оваа Програма вршиме откуп на 743.000 килограми наши домашни јаболка кои ќе бидат дистрибуирани до 350 основни училишта односно до сите 186.000 ученици. Она што ми е особено драго е што наидовме на одлични реакции од дечињата и нивните родители, што охрабрува уште повеќе да ја развиваме оваа програма во иднина, соопшти министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e