Заев за информациите во „Ла Верита“: Ако имаа докази ќе ме осудеа – тоа беше притисок врз опозицијата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вели дека информациите објавени денеска во италијанскиот весник „Ла Верита“ каде се обвинува за учество во изборни нерегуларности во 2014 година, се дел од алатките кои се користеле врз него тогаш како лидер на опозицијата која тогаш не ги призна изборите.

„Ако имале какви било докази во 2014 година, со целата сила на ВМРО-ДПМНЕ Заев ќе го осуделе. Тие немаа никакви докази, дури не отворија ни обвинителен акт заради тоа што немаше докази. Беше една фама што ја создаваа се со цел да се оцрни тогаш лидерот на опозицијата Заев, а никако не можеа ниту да заокружат било што, било каков наратив да поднесат обвинение“, изјави Заев, пренесува „360 степени“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ