Заев: Уставот не дозволува воено лице на чело на МВР

Разговаравме за кандидати за министри и за изборниот законик рече премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев по средбата со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

,,Нашата земја е важно да обезбеди фер, демократски и слободни избори. Зборувавме со Мицкоски за кандидатите, требаше да се внимава да не бидат обвинети од обвинителствата. За министер во МВР е предложено воено лице. Ќе консултираме стручни лица, се јавува и дилема, проблем е што имаме воено лице, а Уставот предвидува лицето кое стои на чело на МВР да биде цивилно лице најмалку три години”, рече Заев.

Тој кажа дека името на предложениот го слушнал првпат од Мицкоски. Бидејќи не знаел за кое лице се работи, не можел да каже дека е противуставно и дека треба внимателно да се работи.

Премиерот истакна дека не верува оти тоа е единствениот предлог на ВМРО-ДПМНЕ, како и дека нема да има пролонгирање на изборите.

,,Не е соодветно да коментирам нешто што е на опозицијата. Внимавам зошто сакам да успее овој процес. Немаме предрасуди за имињата, верувам дека ќе се усогласиме”, истакна Заев.

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ му рекол на Заев дека е спремен да разговара за една изборна единица веднаш по изборите.

Шпицен кандидат, вели премиерот не било отворено прашање и го повика Мицкоски да појасни што точно значи терминот, бидејќи според него она што го предложил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не е шпицен кандидат како во европските земји.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e