Заев: Продолжуваме со реформи за уште повеќе аргументи на ЕУ

После лошата одлука што Европскиот совет на 17 и 18 октомври ја донесе, но и дека Макрон и земјите членки на ЕУ немаат намера да ја спречат Република Северна Македонија па и Западен Балкан во делот на интеграциите во ЕУ, ниту пак да нудат паралелен пат што треба да биде соодветно надоместување на интеграциите во ЕУ.

„Сето тоа ја заокружува оваа состојба во која што имаме право да заклучиме дека наша должност е да продолжиме да работиме, да ги правиме дополнително реформите, да даваме уште повеќе аргументи на ЕУ и во следната прилика да очекуваме исправање на историската грешка“, истакна Заев.

Методологијата која во јануари треба да биде усвоена од ЕУ треба да ги подобри трансформативните процеси за земјите членки и оние кои веќе преговараат со Унијата, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој за ова рече дека разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон кој му посочил дека по усвојувањето на методологијата, ЕУ треба да ја адаптира и да ја прати до земјите членки, а со тоа, според него, ќе се даде фер шанса на земјите кои сакаат да отпочнат преговори и тие што преговараат.

„Дефинитивно мојот оптимизам, што го нарекува реален оптимизам заради тоа што не би сакал да ги дигам повторно надежите кај граѓаните, го темелам на тоа што е присутно насекаде и во јавноста, како и во дел од разговорите што ги имам, а тоа е воочување на историската грешка не само кај нас туку и во ЕУ која што е направена“, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e