Заев: Пратениците да донесат одлука по сопствено убедување

Денеска пред Комисијата за уставни прашања, Владата ги претстави предлог уставните измени. Премиерот Зоран Заев порача дека пратениците се тие кои ја носат одлуката за подобра иднина на Македонија и верува дека одлуката ќе ја донесат слободни.

„Ова е за подобар живот во Македонија. Во согласност во предвидените законски и институционални рамки за уставни измени, пратениците ќе ја донесат одлуката слободно. Тие се тие кои преку поддршката ја поддржуваат иднината на Македонија. Од пратениците во Собранието се очекува одлука во таа насока а ќе се обезбеди патот на Македонија на економски просперитет“, истакна Заев.

Како што рече премиерот, Македонија треба да се извлече од стегите на изолацијата и потребно е спроведување на иницијатива за уставни измени во нашата држава.

„Со решение на спорот на Македонија и Грција изградвиме пријателство, кое никогаш не било поголемо. Перспектива и место во заедницата за најдобра заштита на достоинството, и треба да ја извлечеме нашата земја од стегите на изолацијата. Придобивката е бесценета. Гарантиран е економски развој и просперитетна иднина на нашите граѓани. Во јануари не очекува столчето во Советот на Нато. За да го потпишеме ни треба спроведување иницијатива за уставни измени во Македонија. Ќе застанеме рамо до рамо со нашите западни партнери. гаранција за безбедност и стабилност во нашата земја. Сега е време да ја потврдиме одлуката од 1993, а членство во ЕУ и НАТО. Од пратениците во Собранието се очекува одлука во таа насока. Изминаа 25 години во калкулации, немаме веќе генерации за губење. Да ги преземеме лидерството и одговорноста.  Повикувам на вашата одважност и должност и да се прифати историската можност. Да дадеме максимална поддршка на нашата земја“, додаде Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e