Заев од Ресен: На 15 октомври продолжуваат промените за сите и на локално ниво, криминалната ера на Груевски заврши на 31 мај!

„Еве ме денеска од ОН, од светот на различности, во Ресен, градот на различности, на соживотот, на достоинството. Му се поклонувам на Ресен за тоа. Во декември, заедно со вас ја насочивме Македонија да зачекори на вистинскиот пат кон промените. А од овој наш град денеска станува јасно дека на 15 октомври заедно ги заокружуваме промените што носат живот во Македонија за сите. Ви благодарам соборци што сте со мене додека не го вратиме сјајот во Ресен и сјајот во цела Македонија“,
порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашниот митинг на централниот караван на СДСМ во изборната кампања за локалните избори.

„Од Ресен борбата за живот ја продолжуваме низ секое село, секој град и населба во оваа наша убава Македонија. И се радувам што секој ден ќе бидам со вас граѓаните. Од вас ја влечам сета моја енергија.
Македонија се менува на подобро! Сите веќе го почувствуваа тоа. Светот го признава тоа. И нема враќање назад!
Од вас повторно ја барам поддршката, за да живееме подобро и подостоинствено, таму каде што сме родени, каде што учат нашите деца, каде што работиме. Во современи општини, во нашата Република Македонија“ рече претседателот на СДСМ, Заев.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговори на најавите за наводна нова ера, што е мото на кампањата што ја водат Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на СДСМ рече дека новата ера е дојдена од 31 мај кога заврши стравот, дојде слободата, а доаѓаат и правдата и живот за сите. За живот во Ресен и Преспа за сите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, повика граѓаните да го заокружат бројот 19 на локалните избори на 15 октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e