Заев од Битола: Ќе има живот во сите општини, за сите, барам поддршка промената да биде комплетна!

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Битола, 26.09.2017

Овде сме да најавиме почеток на победа на живот во сите општини, за сите граѓани во Република Македонија. Македонија се менува! Македонија станува подобра. Нема враќање назад. Се менува благодарение на вашата силна верба дека ова наше парче убава земја може да биде достоинствено место за живеење.

Денес од вас повторно, исправен овде во Битола, ја барам вашата поддршка за да живееме подобро и достоинствено. Да живееме каде што сме родени, каде што учат нашите деца, каде што работиме, во современи општини, во горда, наша Република Македонија.

Покажавме дека водиме нова политика. Политика од збор.
Политика која значи служење на граѓаните, а не владеење со нив. Секое село и секој град, со вас заедно мораме да ја заокружиме победата и да обезбедиме промената да биде комплетна. Да работиме заедно за во сечиј дом да бидат видливи резултатите од промените.

И Македонија ни е се што имаме. И борбата, и храброста беа патриотизам. И иднината за нашите граѓани е патриотизам. И денес во 21 век, патриотизам е живот за сите, живот во Битола, живот во Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e