Заев: Ниту денар од државните пари немаме потрошено за медиуми, се рекламираме од сметката на СДСМ

Вие сте бледа копија на старото ВМРО-ДПМНЕ, се рекламирате по телевизии, нешто што како опозицијата го оспорувавте, кога тогашната влада се рекламираше по телевизиите, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обраќајќи се кон премиерот Зроан Заев.

Премиерот му рече дека ВМРО-ДПМНЕ на телевизиите се промовирало преку народни пари, додека пак СДСМ сега троши партиски пари кога се рекламира.

„Немаме ниту денар државни пари потрошено за рекламирање. Правите воедначеност со некакво си поранешно ВМРО-ДПМНЕ, со кое поранешно, на Влатко Ѓорчев, на Антонио Милошоски, на Трајко Вељаноски, на Христијан Мицкоски, на Никола Мицевски? Не, ние трошиме од партиската каса на СДСМ, која се финансира од чланарини и од она што ни следува од државниот буџет“, истакна Заев.

Тој додаде дека власта секој ден држи лекција за тоа како државата треба да раководи со финансиите. Вели, најмногу време посветиле на интеграциите кои ги заокружиле, но сега веќе даваат и резултати во економскиот дел и дека сега има сериозен раст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e