Заев: Нема да има промена на власта на 12 април, не дозволувам да се врати режимот

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев верува дека промена на власта на изборите најавени за 12 април нема да има, бидејќи тој нема да дозволи, како што вели, да се врати режимот; лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека неговата партија не мора да води некаква посебна негативна кампања, бидејќи, како што посочува, власта води таква кампања секој ден со нејзините постапки, додека првиот човек на ДУИ Али Ахмети потенцира дека политичкиот натпревар би требал да се одвива во насока на подобрување на секојдневниот живот на луѓето.

Лидерите на трите партии, кои деновиве разговараат околу формирањето на техничката влада, која треба да се избере на 3 јануари, во изјава за МИА говореа на повеќе теми, меѓу кои и за нивните очекувања од претстојните избори, колку тие ќе бидат демократски, со оглед на тоа што има најави за нови „бомби“ и за тоа дали се отвора ли можноста за зајакната негативна кампања.

– Прво, промена на власта нема да има. Кога го велам ова, не го кажувам од позиција на партиска грижа да добиеме уште четири години. Го кажувам зашто имам полна одговорност – да не дозволам да се врати режимот. Се разбира, граѓаните на слободни избори ќе донесат одлука, но јас најсилно ќе се борам и ќе се залагам да укажам најпластично, најилустративно, најдраматично што ќе се случи ако се врати режимот, вели Заев.

 

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e