Северна Македонија не испратила протестна нота до Бугарија во врска со реакцијата на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик.
-Не секогаш реакциите се изразуваат како протестна нота. Некои реакции се преку протестна нота, друг дел се реакции кои значат повикување на амбасадорот во Министерството за надворешни работи, трет вид реакции се политички разговори. Веќе воспоставив контакт со премиерот Борис на крајот на годинава или почетокот на следната да се видиме, ќе поразговараме, додаде тој.
-Ние имаме намера да бидеме Европејци, сакаме да одиме во ЕУ. Бугарија е пријател и ваквите дисонантни тонови навистина не треба да го нарушуваат пријателството. Недозволиво е во 21 век да ги отвораме идентитетските прашања, рече Заев.
Додаде дека нашиот јазик е признат во целиот свет, впишан е во Обединетите нации, идентитетот е верификиуван.
-Бугарија е европска земја, таа е голем пријател на Северна Македонија и на македонскиот народ и верувам дека низ дијалог ќе најдеме решение за ваквите прашања затоа што се чувствителни, рече Заев.
Премиерот нагласи дека идентитетот е чувство, кое не може никој да го промени.
-Тоа го докажавме во преговорите со Грција, ние сме Македонци од Република Северна Македонија, кои говорат македонски јазик. Тоа го знае и Бугарија, потпишавме Договор, рече Заев и изрази верување дека низ призма на пријателството ќе се наоѓа решение.