Заев: Направивме многу, а имаме уште многу што да кажеме и што да направиме

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје истакна дека на следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување.

– Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок. Затоа што само тој избор е победнички. Направивме многу. А имаме уште многу што да кажеме и што да направиме. Затоа нема скршнување од патот на победата, истакна претседателот обраќајќи се првенствено кон членовите и симпатизерите на СДСМ.

– Другарки и другари, победата бара посветеност и дисциплина. Од секој од нас зависи, секој од нас може и умее! Ќе победиме! Затоа, ајде да се договориме! Да се договориме дека секој член на СДСМ, секој од нас, до изборите, ќе почитува и ќе промовира меѓу своите другарки и другари во партијата, три принципи, три столбови и три правила, за сигурна победа на СДСМ, порача претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина во Скопје.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e