Заев на средба со Трамп за време на 72. Генерално собрание на ОН

Премиерот Зоран Заев во рамки на 72. Генерално собрание на ОН во Њујорк ќе има билатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

-Претседателот на Владата на Република Македонија ќе има работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повеќе други билатерални средби, меѓу кои и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, со премиерите на Норвешка и на Малта, како и со претседателот на САД, Доналд Трамп, соопштија од владината прес служба.

Заев ќе ја предводи делегацијата на Република Македонија на 72. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк од 17 до 23 септември, во чиј состав ќе бидат и шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми.

Премиерот ќе присуствува на свеченото отворање на работата на Генералното собрание и ќе има обраќање на тематската конференција „Отворена влада“, со која ќе претседава претседателот на Франција, Емануел Макрон. Предвидено е премиерот Заев да учествува и на повеќе други тематски панели за време на овој светски собир на шефови на држави и  влади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e