Заев: Мицкоски да ги пушти во јавност или да ги пријави „бомбите“

Прашан за став во однос на тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави дека ќе објави бомби, премиерот на РСМ, Зоран Заев рече дека секој што поседува докази дали се тоа видео, ауидио разговори, материјални докази е должен да ги пријави.

-Пријавата може да ја направи во институцијата или тоа јавно да го објави. Тогаш пак инсититуциите се должни по слушнат глас да постапат. Зборувам за обинителство, судство, за независни правосудни институции. Јас немам проблем дали се работи за Зоран Заев, член на Влада, директор, должност е на опозиција да биде коректив и се што поседува да објави, само така ќе и помогне на својата држава. Се друго е лажење и манипулирање. Јас кога поседував материјали дојдов и ги споделив со тогашниот премиер и го повикав да замине. Ги објавивме материјалите и ги доставивме до СЈО. Така се постапува правно во нормална земја, одговори премиерот Заев.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e