Заев: Како премиер кој ја напушта функцијата оставам аманет за структурни реформи на образованието до април

Како Влада и јас како премиер кој еве ја напушта функцијата оставам аманет до април како што се договоривме да ја направиме нивелацијата или структурната реформа во образованието, рече премиерот Зоран Заев по потпишувањето на Спогодната помеѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура за покачување на платите во образованието.

Реформата, како што истакна, е многу е значајна и ќе даде дополнителни шанси за унапредување и на квалитетот за работа на учениците, но и на наставаниците и професорите. – Дајте се од себе да пренесеме колку што е можно повеќе квалитетно значење на учениците и студентите кое ќе им треба, им порача Заев на наставниците и професорите.

Откако вчера стана јасно дека дека владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ постигнале договор за деблокирање на дел од законите во Собранието, а за утре е најавена средба меѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се отвора патот за формирање на техничката Влада.

Премиерот Заев изминатите денови неколку пати најавуваше дека избори нема да има на 12 април, а тој нема да поднесе оставка, доколку опозицијата не ги одблокира законите од кои зависат платите, пензиите и инвестициите. Тој посочи дека избори во 2020 година ќе има, но дали тие ќе се одржат на 12 април ќе зависи од пристапот на опозицијата кон Собранието.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e