Заев го потврди Спасовски за технички премиер: На изборите влегуваме како фаворити

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука технички премиер да биде Оливер Спасовски, потврди лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев.

Вицепремиерка за економски прашања е Мила Царовска. За дополнителен заменик министер во МВР избрана е Славјанка Петровска, а за труд и социјална политика, досегашната шефица на кабинетот на министерката Мила Царовска, Санела Шкријељ”, рече Заев.

Тој кажа дека ова се професионалци кои ќе продолжат со имплементација на сериозните политики.

„Гаранцијата за слободни, фер и демократски избори е важна. Власта сериозно сака да учествува во тој процес, бидејќи целиме кон демократскиот свет. На овие избори влегуваме како фаворити“, рече претседателот на СДСМ.

Тој додаде дека секретар во партијата за меѓународна политика, Дане Талевски ќе биде амбасадор, а на негово место доаѓа Бојан Маричиќ, владиниот координатор за европски прашања.

Со ДУИ разговарале за амандманите, како и дека се надева оти во иднина нема да има такви случаи, имајќи предвид дека и ВМРО-ДПМНЕ претходно поднела амандмани за измените во Изборниот законик.

„Ние сме фаворити, но ќе бараме чист мандат, кој ќе овозможи унапредување на квалитетот на живот на граѓаните“, додаде Заев.

Според премиерот и лидер на СДСМ, техничката влада продолжила да постои бидејќи сакале опозицијата да биде конструктивна.

„Право на опозицијата е кого ќе избере за местата кои им следува, двајца министри и тројца дополнителни заменици министри“, рече лидерот на владејачката партија.

Заев кажа дека се формирала група за Законот за јазици, но се чека Спасовски, како технички премиер да избере член во групата, сметајќи дека не би било фер тој да избере, поради оставката 100 дена пред избори.

„Граѓаните преку гласањето не упаруваат кој со кого да коалицира, но важно е и партиските програмски определби какви се“, истакна премиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e